More

    Бајден под притисок да се откаже од претседателската трка

    spot_img

    Претседателот Џозеф Бајден е поизолиран од кога било, а многу високи функционери на Белата куќа и демократски претставници сега веруваат дека тој мора да се откаже од кампањата за втор мандат – и тоа наскоро.

    – Следните 72 часа се клучни. Ова не може да трае уште долго- рече еден демократски гувернер во близок контакт со партиските функционери и соработници во четвртокот.

    Во интервјуа за Си-Ен-Ен, повеќе од дваесет извори рекоа дека сега постои општо прифатено мислење дека останувањето на Бајден во трката во 2024 година е целосно неодржливо.

    – Сите тоа го кажуваат приватно – потврди извор на висока позиција во Демократската партија.

    Друг демократ близок до Белата куќа го опиша Бајден како „екстремно изолиран“ по претседателската дебата на Си-Ен-Ен на 27 јуни. Повеќе извори велат дека некои од главните советници на Бајден – вклучувајќи ја советничката Анита Дан, адвокатот Боб Бауер и претседателката на кампањата Џен О’Мали Дилон – се соочиле со гневот на семејството на претседателот по дебатата.

    Од неговиот очајнички настап на крајот на јуни на дебатата со Доналд Трамп, за време на која често имаше потешкотии да ги артикулира своите мисли, сѐ повеќе почнуваат да се слушаат прашања за тоа дали Џо Бајден сè уште може да биде демократски претседателски кандидат на изборите на 5 ноември, пренесува Франс прес.

    Вознемиреноста во Демократската партија станува сè позвучна, и покрај јавните обиди да се претстави обединет фронт од Белата куќа.

    Според американските медиуми, демократските лидери на двата дома во Конгресот, Чак Шумер и Хаким Џефрис, на одвоени состаноци му кажале на претседателот дека неговата кандидатура може да ги загрози шансите на партијата во ноември, кога покрај претседателот ќе се избираат и членови на Конгресот.

    Многу влијателната демократка, Ненси Пелоси, поранешена претседателка на Претставничкиот дом, според Си-Ен-Ен, му рекла на Бајден дека не може да победи според анкетите и дека неговата кандидатура ризикува демократите да ги загубат местата во Долниот дом на Конгресот.

    Неколку високи демократи изјавија за Аксиос, под услов да останат анонимни, дека мислат дека зголемениот притисок ќе го убеди Бајден да донесе одлука да се повлече овој викенд.

    Веќе во средата, калифорнискиот конгресмен Адам Шиф го повика Бајден да ја предаде диригентската палка, станувајќи највисокиот функционер кој јавно дал таква изјава.

    Околу дваесет членови на Долниот дом на Конгресот и еден сенатор досега го притиснаа Бајден да се откаже од трката за втор претседателски мандат.

    Асошиетед прес, повикувајќи се на извори запознаени со приватните разговори кои сакаат да останат анонимни, објави дека и поранешниот претседател Барак Обама во приватни разговори изразил дека е загрижен за кандидатурата на Бајден.

    Изборниот штаб на претседателскиот кандидат од своја страна се обидува да ја затвори вратата за шпекулации.

    -Тој останува во трката – изјави за новинарите Квентин Фалкс, еден од претставниците на изборниот штаб.

    -Нашиот тим не гледа никакво сценарио според кое претседателот Бајден не би бил носител на изборната листа и тој е и ќе биде кандидат на демократите – истакна Фалкс.

    Бајден рече дека се чувствува „добро“ откако вчера беше позитивен на тестот за корона вирусот.

    – Ќе се изолирам за време на моето закрепнување и за тоа време ќе продолжам да работам за американскиот народ – напиша Бајден во пораката на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img