More

    Пејач доживеал струен удар кога обожавател во мокра маица го прегрнал

    spot_img

    Бразилскиот рокер Ајрес Сасаки почина на 36-годишна возраст во текот на концертот.

    Тој починал по инцидент што се случил додека настапувал. Имено, еден обожавател се качил на сцената за да го прегрне, а како што пренесуваат светските медиуми, тогаш дошло до струен удар што го предизвикала мократа маица на обожавателот во допир со кабелот.

    Британски „Сан“ пишува дека музичарот починал речиси во истиот момент кога обожавател го прегрнал откако доживеал струен удар, а сето тоа се случило во Салинополис, Бразил, на 13 јули.

    Деталите за овој бизарен настан сè уште не се познати, а полицијата го истражува случајот. Семејството на пејачот засега не сака да ја коментира оваа трагедија, но се огласи неговата тетка Рита Матос.

    – Она што го знаеме е дека неговиот концерт беше закажан за едно време, па беше поместен. Контактираме со луѓе кои беа присутни во тој момент, за да разбереме како се случило сето тоа. Сите информации ќе ги презентираме во соопштението што ќе го објавиме – рекла таа, пренесуваат споменатите медиуми.

    Во хотелот „Солар“, каде што се одржал концертот, ја изразиле својата тага поради трагичната смрт на пејачот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img