More

    Мицкоски утре ќе учествува на самит на ЕПЗ, ќе оствари и билатерални средби

    spot_img

    Деновиве сме дел од Самитот на Европската политичка заедница. Тука сме заедно со потпретседателот на Владата, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

    – Во текот на утрешниот ден ќе бидам активно вклучен во настаните коишто ќе се случуваат на Самитот и ќе зборувам за предизвиците коишто следат во делот на енергетиката и економијата од аспект на регионалното поврзување за балканските држави – вели Мицкоски во видеообраќањето и додава:

    – Мислам дека ќе има многу работи кои ќе бидат кажани како план и нешто што ќе треба тој дел од Европа и светот да се развива во годините што доаѓаат. Исто така, на маргините од самитот ќе имам неколку билатерални средби. На тие средби сакам да ги повторам ставовите на македонската влада, она коешто претставува заштита на интересите на македонските граѓани и она што претставува борба за идентитетот и за се она што изминатите години беше загрозено.

    Домаќин на самитот на Европската политичка заедница е британскиот премиер Кир Стармер, а ќе се одржи во историскиот амбиент на палатата Бленхајм во Оксфордшир, Англија.

    ЕПЗ е меѓувладин форум за политички и стратешки дискусии за иднината на Европа, основан во 2022 година по руската инвазија на Украина, во кој учествуваат 47 европски држави од кои 27 членки на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img