More

    Новиот проект на Швајцарецот и годинава без српскиот тенисер

    spot_img

    Лејвер купот го објави целиот список на учесници за турнирот што од 20 до 22 септември ќе се одржи во Берлин, а на него го нема името на Новак Ѓоковиќ.

    Идејата на овој егзибициски турнир, кој трае еден викенд во септември (едната година се одржува во Европа, другата во остатокот од светот), е да ги собере најдобрите играчи на денешницата и да ги одмерат силите Тимот на светот и Тимот на Европа.

    Овојпат Европа ќе ја претставуваат Каспер Руд, најдобриот норвешки тенисер во историјата и Стефанос Циципас, најдобриот грчки ас, кои го заокружуваат тимот предводен од Карлос Алкараз, Александар Зверев, Данил Медведев и Рафеал Надал. Бјорн Борг и оваа година е тука како капитен (од следната година ќе го наследи Јаник Ноа).

    Од друга страна, Џон Мекинро (ќе го наследи Андре Агаси) како капитен на светскиот тим ги избра Алекс де Минор, Тејлор Фриц, Томи Пол и Бен Шелтон.

    Овој турнир произлезе од идејата на Роџер Федерер да направи нешто во чест на Род Лејвер, но и да има уште едно екипно натпреварување во тенисот.

    Досега Ѓоковиќ двапати учествуваше на турнирот, а последен пат беше во 2022 година, кога Федерер се збогуваше од тенисот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img