More

    Бизнисменот Чедо Радомировиќ пронајден покрај кола кај Орман во тешка состојба

    spot_img

    Сопственикот на фирмата „Техноком“ и основачот на „Радо банка“ доцна вечерва со повреди е пронајден покрај кола кај селото Орман, дознава ТВ21.

    Според информациите на ТВ21, лицето е пронајдено кај магистралата кај село Орман (општина Ѓорче Петров) во близина на магацините на Министерството за внатрешни работи.

    Полицијата е на терен и врши увид во моментов. А лицето со знаци на живот е итно префрлено на скопските клиники.

    Се испитува дали станува збор за обид за убиство или самоубиство.

    Инаку, бизнисменот Чедо Радомировиќ или по ново Чедо Радо (откако пред неколку години се откажа од македонското државјанство и земаше холандско, по што го скратил презимето) во минатото беше сопственик на сегавеќе пропаднатата „Радо банка“.

    Во 2005 година тој беше уапсен поради вмешаност во пирамида, во друштво на десет даночни затајувачи.

    Овој бизнисмен своевремено беше познат по тоа што беше прилично близок со ВМРО-ДПМНЕ. Беше поранешен газда на Радо банка, а од 2003 година оваа банка беше купена од контроверзниот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини. Но, ни тој не успеа да ја спаси банката која од беше доведена во лоша состојба, па мораше да биде турната во стечај и ликвидација.

    Во сопственост на Радомировиќ беше и градежната фирма Македонија инвест.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img