More

    Судијата го отфрли обвинението, а актерот почна да плаче

    spot_img

    Судијата во Ново Мексико го отфрли обвинението за убиство од небрежност и го запре судењето против актерот Алек Болдвин бидејќи обвинителството, според проценката на судот, прикривало докази за тоа како боевата муниција завршила на филмскиот сет каде што беше убиен снимател.

    По пресудата, Болдвин почнал да плаче и ја прегрнал сопругата Хилари Болдвин, која била на судењето, а неговата сестра Елизабет Кучелер била во солзи. Болдвин потоа ја напушти судницата без да разговара со новинарите, пренесоа медиумите.

    Адвокатите на Болдвин тврдеа дека полицијата и обвинителите прикриле докази кои би можеле да бидат во корист на актерот.

    Клучно прашање во случајот беше како боевата муниција завршила на снимањето, а адвокатите на Болдвин ја доведоа во прашање истрагата и укажаа на грешки направени од државните органи кои го обработувале местото на злосторството.

    Ова е втор пат случајот против актерот да биде разрешен по пукањето во октомври 2021 година и нема да му се суди.

    По оваа судска одлука, обвинителите нема да можат повторно да го обвинат Болдвин.

    Алек Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност за пукањето на сетот на филмот „Раст“, ​​во кој беше убиен снимателот Халина Хачинс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img