More

    Семејството одби да му ја исполни последната желба на актерот

    spot_img

    Семејството на починатиот актер Ален Делон, не ја исполни неговата последна желба. Имено, желбата на Делон била да го успијат неговото куче (белгискиот овчар) Лубо и да го стават во негови раце, а потоа заедно да ги погребаат.

    „Сакам да бидам погребан со моите кучиња, ништо друго не ме интересира, само сакам да бидам со нив. Тие се единствените кои безусловно ме сакаа, секогаш беа со мене без да бараат нешто за возврат“, изјави Делон во интервјуто во 2018 година, а пренесува „Дејли бист“.

    Актерот почина во неделата, на 88-годишна возраст, а од тој момент активистите за правата на животните како и неговите деца се борат кучето Лубо да остане живо.

    „Животот на животното не би требал да зависи од животот на човекот. „СПА“ е среќна што ќе може да го преземе кучето на Делон и да се обиде му пронајде соодветно семејство“, порачаа од француската организација за животни „СПА“.

    Меѓутоа како што изјави ќерката на Делон, Анушка Делон, кучето Лубо е дел од семејството и ќе остане со нив, а исто така нема да биде заспиено.

    Потсетуваме, според информациите коишто ги откри францускиот „Паризиен“, во текот на лекарскиот преглед на почетокот од годината, легендарниот актер Делон му кажал на својот лекар дека има желба да умре.

    Дневните весници објавија статија околу тоа дека актерот повеќе не е човекот којшто некогаш бил, тие пишуваа дека Делон физички и психички ослабнал како и дека ја изгубил остроумноста. Во периодот помеѓу септември 2021 година и јуни 2023 година, лекарите наводно забележале дека актерот тешко носи заклучоци и тешко ги решавал семејните проблеми, а наводно во текот завршниот лекарски преглед, лекарот во својот извештај потенцирал дека „желбата за живот на актерот е мала и изгледа дека тој повеќе не очекува ништо од животот“.

    Делон, пред две години изјави дека сака неговиот живот да заврши во Швајцарија и тоа со евтаназија.

    „Секако дека ја поддржувам евтаназијата. Живеам во Швајцарија каде што таа е легална. Сметам дека тоа е најлогична и најприродна работа. Секој има право да почине без да престојува во болници и без да прима инјекции“, изјави тогаш Делон.

    Ален Делон побарал да има швајцарско државјанство уште во 1999 година, а во оваа држава живееше од 2019 година, по преживеаниот мозочен удар.

    Ален Делон ќе биде погребан в сабота.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img