Најмалку 26 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Украина, во северозападниот округ Ровенска.
Во несреќата учествувале комбе, автобус и цистерна, а истата се случила во вторникот вечерта на автопатот Киев-Чоп, јави ТАСС. По судирот избувнал пожар на возилата објавил весникот „Страна“, повикувајќи се на украинскиот помошник министер за внатрешни работи Антон Герашченко.
– Само 12 од 38 патници од автобусот преживеале – изјавил Герашченко.
Според првичните информации за несреќата виновен е возачот на комбето кој починал.
„Страна дејли“ пишува дека оваа сообраќајна несреќа е најголемата која се случила на украинските патишта во изминатата деценија.