More

    Германија вознемирена по разоткривањето на заговорот

    spot_img

    Политичари во Германија изразија голема вознемиреност откако Си-Ен-Ен објави репортажа за наводен руски заговор за убиство на директорот на германската компанија за производство на оружје „Рајнметал”, која има клучна улога во обезбедувањето воена помош за Украина, пренесе ДПА.

    Си-Ен-Ен, повикувајќи се на 5 неименувани американски и западни функционери, извести дека американското разузнавање открило планови на руската влада да го убие Армин Папергер, извршен директор на „Рајнметал”, порано оваа година. Според извештајот, германските власти биле информирани за заговорот и поради тоа ги зголемиле безбедносните мерки за Папергер.

    Официјален претставник на германската влада потврди за Си-Ен-Ен дека Берлин добил предупредување за заговорот. Папергер, кој отворено ја критикуваше руската инвазија врз Украина што започна во февруари 2022 година, веќе подолго време има лично обезбедување.

    Маркус Фабер, претседател на комисијата за одбрана во германскиот Бундестаг, веднаш реагираше на наводниот заговор, изјавувајќи за германскиот  „Билд”:

    – Ова уште еднаш покажува дека Русија ја пренесува својата војна и терор и во Европа – изјави фабер за германскиот  „Билд”

    Тој додаде дека „режимот на Путин сега тргна и по животот на германски граѓани“.

    Михаел Рот, претседател на комисијата за надворешни работи на Бундестагот, исто така коментираше за „Билд”, истакнувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „води уништувачка војна не само против Украина, туку и против нејзините поддржувачи и нашите вредности“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img