Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, наводно изразил загриженост за шансите за реизбор на Џо Бајден, објави Телеграф.
Обама и Ненси Пелоси, една од највисоките демократи во Конгресот, рекоа дека поразувањето на Доналд Трамп стана многу потешко и ниеден од нив не е сигурен каква акција да преземе.
Тоа се случува откако Бајден на самитот на НАТО во Вашингтон го претстави Володимир Зеленски како „претседателот Путин“.
Во последователен гаф на прес-конференцијата по самитот, Бајден ја нарече својата потпретседателка, Камала Харис, „потпретседателот Трамп“.
Се вели дека Обама не сака да излезе јавно со својата загриженост за да избегне зајакнување на репутацијата на Трамп.
Скептицизмот на Обама за шансите на Бајден да биде реизбран наводно е „една од најлошо чуваните тајни во Вашингтон“, пишува Телеграф кој се повикува на Си-Ен-Ен.
Тимот на Бајден верува дека Обама можеби имал улога во авторски текст на „Њујорк Тајмс“, на кој автор е Џорџ Клуни, во кој се повикува Бајден да се повлече.