На 10.07.2024 во 23.30 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода В.И.(18) од СР. Германија, со престојувалиште во гостиварско Чајле и малолетник од Чајле, кај кои биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 10.07.2024 во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода Т.М.(43) од Гостивар, поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат. Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе бидат вратени на сопствениците, а тој е задржан во полициска станица и по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 11.07.2024 во 01.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Ф.И.(30) од Радовиш. За него била издадена наредба за приведување од Основен суд Радовиш, со која се барал за издржување на затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправна установа Затвор Струмица.
На 10.07.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок,
На 10.07.2024 во 18.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Х.(35) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 10.07.2024 во 21.15 часот во Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин Ќафасан го лишиле од слобода И.В.(34) од Р. Албанија, поради тоа што бил баран со распишана меѓународна потерница од Интерпол-Р.Грција. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Струга за понатамошна постапка.
На 10.07.2024 во 17.00 часот на регионалниот пат Гевгелија – с.Конско, на место викано „Катеринина чешма“, полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода В.К.(34) од Р.Албанија, поради тоа што при контрола во патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле затекнати Е.М.(45), И.М.(29), Џ.В.(26) и А.В.(24), сите од Р.Албанија, кои имале остварено илегален влез од Р.Грција во државата. И четирите лица биле приведени. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл…
Денеска (11.07.2024) во 00.38 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на крстосницата од ул.„Хасан Приштина“ и „Медат Цами“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со германски национални ознаки, управувано од Е.З.(37) од с.Беловиште, гостиварско и мотоцикл „хамачи“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од Е.Е.(18) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.
На 10.07.2024 во 20.30 часот во СВР Охрид било пријавено на ул.„Абас Емин“ во Охрид малолетничка, додека управувала мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 10.07.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул. „Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа во која товарно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(42) од село Костурино, струмичко, удрило во пешакот С.Т.(75) од село Моноспитово, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 10.07.2024 околу 21.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болница во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 10.07.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.Х.(57) од Гевгелија пријавил дека при ископ на песок во сепарација во близина на „Македонија пат“ – Гевгелија била пронајдена граната. Од страна на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување таа била безбедно подигната и утврдено е дека станува збор за артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна.
На 10.07.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Центар, Љ.С.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Ленинова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 10.07.2024 во 20.45 часот во Полициско одделение Македонска Каменица, Т.И.(48) од Македонска Каменица пријавил дека на ул.„Индустриска“ во Македонска Каменица неговата внука била касната од куче скитник.
На 10.07.2024 во 16.20 часот во ОВР Кавадарци, Ц.Т. (35) од Кавадарци пријавила дека на улица „Илинденска“ во Кавадарци нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.