More

    Мицкоски се запозна со Бајден на самитот на НАТО

    spot_img

    Во текот на вчерашниот ден премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, се запозна со претседателот на САД, Џозеф Бајден, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а разгпвараше и со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

    Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација на самитот на НАТО на кој се одбележува 75 години од алијансата.

    „На официјалниот почеток на НАТО самитот во Вашингтон. За државните интереси, за јакнење на демократијата и за подобар живот на нашите граѓани“, објави Мицкоски на Фејсбук во друштво на американскиот претседател, Џозеф Бајден, и на актуелниот претседател на НАТО, Јенс Столтенберг.

    – За нас како малоброен народ е важно на овој собир да ги донесеме најзначајните одлуки кои што ќе моделираат иднината на човештвото во следните декади, за што и ние ќе го дадеме својот придонес. Како држава сме подготвени да го додадеме својот придонес на сето она што претставува вредност. Тука сме заедно со нашите сојузници за да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега, така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право – претходно истакна Мицкоски.

    Тој рече дека владата останува посветена на исполнување на обврските, односно минимум 2% од БДП да бидат инвестирани во модернизација на армијата, „нешто коешто е многу важно затоа што само на тој начин ќе ги следат современите чекори и ќе ја следат најголемата светска одбранбена алијанса што некогаш постоела“.

    Премиерот Мицкоски изрази и задоволство што заедно со останатите лидери на земјите членки на НАТО присуствува на одбележувањето на 75-годишнината од формирањето, на како што рече, на најголемата одбранбена алијанса во светската историја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img