Пејачката Емина Јаховиќ (42) ужива во летните денови, а следбениците ги почести со жешки фотографии во костим за капење.
Имено, згодната Емина прво се фотографирала топлес, доволно за да ја разбуди фантазијата на мажите, а потоа објавила фотографии како ужива на лежалка.
Имено, Емина позирала во бикини, во преден план биле згодните нозе, а во рацете држела куче.
Покрај овие фотографии, пејачката го спуштила горниот дел од бикини и ја покажала тетоважата во облик на срце што ја има на рамото.
Да потсетиме, Емина Јаховиќ веќе подолго време е сама откако се разведе од турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал со кој помина 10 години и има два сина.
На прашањето дали верува дека спротивностите привлекуваат при гостувањето кај Гоца Тржан, Емина одговори:
– Од каде тоа дека спротивностите се привлекуваат? Не знам кој го кажува тоа. Комбинацијата е во ред, но спротивностите не функционираат – ја започнала својата приказна пејачката.
– Мислам на жена како уметник, слободна душа и слично, додека мажот работи во банка. Тие не можат. Тие немаат време на спиење во исто време, биоритамот им е различен и тогаш навистина тоа е големо мачење – рекла Емина.
ФОТО: Инстаграм