Јуни 2024 година беше најтоплиот јуни досега, објави службата за следење на климатските промени на Европската унија, Коперник. Според податоците на Коперник, оваа година најверојатно ќе ја надмине 2023 година како најтопла досега, пренесува Ројтерс.
Научникот Зик Хаусфадер проценува дека сега има околу 95 отсто шанси 2024 година да ја надмине претходната година и да стане најтоплата откако се направени мерењата на температурата.
Променетата клима веќе донесе разорни последици ширум светот, па повеќе од 1.000 луѓе починаа од топлотен удар за време на хаџот во Мека минатиот месец.
Сервисот на ЕУ Коперник укажува дека затоплувањето е делумно предизвикано од климатските промени предизвикани од човечкото влијание, а делумно од метеоролошкиот феномен Ел Нињо.
Секој од изминатите 12 месеци бил рекордно топол, а забележани се и рекордно високи нивоа на стакленички гасови поради употребата на фосилни горива, изјави научникот Фридерике Ото од Институтот Грантам на Империал колеџ во Лондон.
Таа додаде дека топлите месеци значат посилни топлотни бранови, како и посериозни нарушувања, како што се обилни дождови и разорни поплави.