Започнува најтоплиот дел од летото, температурата ќе се искачи на 40+ степени

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Силен и долготраен топлотен бран ќе ја зафати нашата земја во наредните денови. Според најавите на нашите метеоролози кон средината на месецот нè очекува благо освежување, додека посериозно заладување нема ни на повидок.

Како што е објавено на страната на УХРМ силниот и долготраен топлотен бран ќе услови максимални температури до крајот на целата работна недела максималната температура во Македонија ќе се движи од 33 до 40 степени со тропски ноќи во урбаните области.

Топлотниот бран ќе биде проследен и со изразен дефицит на врнежи. Помал пад на температурата за околу 5°C е можен дури кон средината на месецот, но и потоа температурата ќе се задржи над просекот со продолжување на периодот со тропски денови и ноќи.

Во Скопје максималната температура ќе има вредност околу 37 до 40 степени до крајот на следната недела.

Цела Македонија е обоена во црвено кога станува збор за опасноста од топлотни бранови, додека во следните три дена е во сила портокалов метеоаларм. Тоа укажува на временските услови опасни по животот на луѓето.

Според прогнозата на УВ индексот за следните три дена во цела Македонија УВ зрачењето ќе биде многу високо и ќе се движи од 8 до 10.

Нема позабележително освежување на повидок

А според временската прогноза на метеорологот Славчо Попоски, нè очекува претежно сончево и топло време со максимални температури до 40 степени.

Покрај многу топлите денови, високи ќе станат и ноќните минимуми кои од недела ќе се движат од +18 до дури +28 Целзиусови степени, особено во поголемите градски средини.

- Advertisement -
Ad image

Појавата на ретки дождови е можна по денешниот, но тие ќе бидат кратки и ќе бидат во планинските региони, сепак нема да донесат значително освежување и ќе бидат резултат на прегревање на атмосферата.

Многу топлиот бран кој од овој викенд ќе ја зафати територијата на Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров, по којзнае кој пат оваа сезона доаѓа и нов облак со прашина и песок од Сахара, и тоа од недела.

– Овој облак со прашина и песок од Сахара преку Италија, па потоа кон Велика Британија и централните предели од европскиот континент ќе се спушти најпрвин кон северен и централен Балкан и тоа во недела. Кај нас во Македонија Сахарската прашина и песок ќе пристигнат од понеделник и ќе се задржат најмалку 3 до 4 денови. Токму поради ова и атмосферата повторно ќе ни биде заматена, а сонцето ќе го чувствуваме како да е од под облак. Со оваа прашина и песок од Сахара ни доаѓа и мачното и спарно време, а температурите кои ги очекуваме ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

- Advertisement -
Ad image

Пеколни температури нè очекуваат кон крајот на оваа недела. Топлотниот бран кој го зафати регионот доаѓа и во Македонија. Според лекарите, граѓаните треба да избегнуваат, колку што е можно, излегување од 10 до 17 часот, и да ги почитуваат препораките од Центарот за јавно здравје.

„Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор. Кога мора да се оди надвор, да се избегнува изложеност на сонце и да се одмара под сенка. Постојано да се пијат повеќе течности, посебно вода, како и безалкохолни пијалаци, додека да се избегнува консумација алкохолни и пијалаци што содржат кофеин, како и екстремно студени пијалаци. Воедно апелираат за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран“, велат лекарите.

Се очекува Владата на барање на Министерството за здравство, да донесе препораки во врска со новиот топлотен бран што ќе ја зафати целата држава.

Инаку во средната на минатиот месец исто така при вака екстремно високи температури Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението беше предвидено:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Share This Article