More

    Новоизбраната претседателка на државата, Гордана Сиљановска Давкова денеска го слави својот 71 роденден

    spot_img

    Новоизбраната претседателка на државата, Гордана Сиљановска Давкова денеска го слави својот 71 роденден.

    Родена е на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

    Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994).

    Била експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа, како и член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

    Таа преку социјалните мрежи пред два дена се заблагодари за поддршката и кажа дека за неа ова претставува голема чест и одговорност.

    „Почитувани граѓанки и граѓани на Македонија, ви честитам, ова е ваша победа! Горда сум на сите вас! Искрено ви благодарам на поддршката, за мене ова претставува голема чест, но и голема одговорност!

    Ви тврдам и ви ветувам дека од овој момент овде јас ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Еден претседател, особено ако е жена, треба да обединува и да трага по единство. Се обврзувам на такво единство бидејќи секогаш ќе бидам со вас и за вас!
    Македонија е во ваши раце, вие сте носители на легитимитетот! Македонија е горда!“, напиша таа.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img