ФРЧКОСКИ Е ПОДГОТВЕН ЗА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД АМБАСАДОРСКОТО МЕСТО

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е „погоден” на идеологијата на новите власти. И тоа е спремен да го направи. Амбасадорот, потврдува мисијата, моментално е на боледување по кое ќе се повлече од функцијата, за што МНР нема потреба да измеќарува, пишува во рекацијата на Постојана мисија на земјава во ООН  и на амбасадорот  Љубомир Фрчкоски, по обвинувањата за злоупотреби во финансиското работење на Мисијата и  за злоупотребата на службената картичка од страна на амбасадорот.

Но, се додава во реакцијата „начинот кој МНР го бира за таа операција на отстранување на амбасадорот, со конструкција на валканици во финаското работење наспроти толку претходни и сегашни деманти е срамен, заслужува секаква осуда и покажува неприфатливо ниво на комуникација во јавноста“, се вели во реакцијата.

Мисијата го повикува Министерството за надворешни работи да ги искористи законските инструменти и да испрати ревизија во мисијата која ќе ја утврди состојбата во целокупното работење, но за јавноста тие тврдат дека дел од парите од сметката на Мисијата се користени за плаќање на здравствено осигурување во САД, бидејќи МНР нередовно испраќала пари за тоа, а во однос на злоупотребата на службената картичка, се наведува дека Фрчкоски итно морал да патува за земјава поради операција и смрт на роднина и затоа искористил државни пари, но се наведува дека тие пари деновиве ќе бидат вратени на државата.

Фрчковски и Мисијата, во реакцијата наведуваат и документи за поткрепа  дека немало финансиски малверзации во работењето и се повикуваат на претходен демант на истите тврдења од страна на  поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи,а се однесуваа на добиените пари за сукцесија на објектот на поранешната СФРЈ во Њујорк. Демантите се однесуваат на тврдењата дека „амбасадорот со тогашниот премиер правел матни зделки со тие пари и не ги внесува во буџетот каде што законски припаѓаат”.

Го пренесуваме во целост останатиот дел од реакцијата:

„За тие тврдења кои сега, независно од аргументираниот демант од Бујар Османи, повторно се јавуваат, Мисијата ги објавува следните документи (јавни исправи) од Уплати на тие пари од сукцесијата во Буџетот во три наврати  – со што целосно се демантираат тврдењата на МНР (да биде состојбата за службите таму потрагична, тие кои сега се нудат да „им учинат на новите власти” овие документи на време ги имаат на увид и во поседство).

Прилог сметка за префрлени пари 1

Прилог сметка за префрлени пари 2

Прилог сметка за префрлени пари 3

- Advertisement -
Ad image

Состојба на банкарската сметка на Постојаната Мисисја на РСМ при ООН во Њујорк

Службите во МНР не ѝ доставуваат на мисијата соодветни средства за лекарско осигурување на вработените во мисијата со што се крши законската обврска тоа безусловно да се обезбеди (на основа на погрешно направен тендер на вработена во мисијата која сега е во кабинетот на Министерот), а чие необезбедување повлекува кривична одговорност. Мисијата чува некои минимални средства на државната, своја сметка во случај МНР да не обезбеди средсва, а законската обврска принудува тие да ѝ се платат на здравствената компанија во САД. И тоа е сè. И тоа е јасно и транспарентно.

Срамна и мизерна е забелешката на службите во МНР дека амбасадорот злоупотребил службена картичка за авионски карти кон Македонија. Амбасадорот имаше итна медицинска интервенција во Македонија и беше на погребот на својот починат брат – ненадејни настани кои го примораа привремено да искористи пари од мисијата за авио билет, кои секако деновиве ги надомести од свои приватни средства.

- Advertisement -
Ad image

Што повеќе да се каже? Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е „погоден” на идеологијата на новите власти. И тоа е спремен да го направи. Амбасадорот, потврдува мисијата, моментално е на боледување по кое ќе се повлече од функцијата, за што МНР нема потреба да измеќарува.

Но начинот кој МНР го бира за таа операција на отстранување на амбасадорот, со конструкција на валканици во финаското работење наспроти толку претходни и сегашни деманти е срамен, заслужува секаква осуда и покажува неприфатливо ниво на комуникација во јавноста.

Најпосле, мисијата го повикува МНР кој има инструменти, да испрати ревизија во мисијата која ќе ја утврди состојбата во целокупното работење на истата.

На крајот посебна трагедија во МНР е фактот што со ниту едее единствен збор не посочија на резултатите на Мисијата на Северна Македонија во ОН овие двеипол години. Во извештаите ги имаа сите факти, проекти и настапи. Исклучително значајни резултати. Но, за тоа во некои подобри времиња“, се наведува во рекацијата.

Share This Article