More

    Турскиот Парламент доцна синоќа ги усвои измените на законот за цивилна авијација, со кои се заоструваат процедурите за проверка на патниците на аеродромите

    spot_img

    Турскиот Парламент доцна синоќа ги усвои измените на законот за цивилна авијација, со кои се заоструваат процедурите за проверка на патниците на аеродромите, пренесува турски информативен сајт.

    Новите правила ќе бидат во согласност со Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство (Конвенција од Чикаго), која им овозможува на службениците за безбедност да ги претресуваат работите на патниците на влезот на терминалот и на влезот во зоната за бординг. Ова се однесува и на личниот багаж и на електронските уреди.

    Доколку патникот одбие да ги достави своите работи на проверка, нема да биде дозволен влез во аеродромот или во зоната за поаѓање. Забранетите предмети ќе бидат одземени на лице место.

    Главните аеродроми во Турција имаат два контролни пункта. Пунктовите се опремени со современа опрема и по потреба се вршат физички претреси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img