More

    Борел: Орбан нема да ја претставува позицијата на ЕУ во Москва

    spot_img

    Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва ќе се случи исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.

    На 1 јули Унгарија го наследи ротирачкото претседателство со Советот на Европската унија од Белгија.

    Орбан ниту ги потврди ниту ги демантираше медиумските извештаи дека денеска треба да отпатува за Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

    „Ова не подразбира никакво надворешно претставување на ЕУ, за што е одговорен претседателот на Европскиот совет на ниво на шеф на држава или влада и Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност на министерско ниво. Орбан не доби никаков мандат од Советот на ЕУ да ја посети Москва“, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

    Борел наведува дека ставот на ЕУ „за руската агресивна војна против Украина“ се рефлектира во многу заклучоци на Европскиот совет и дека тоа ги исклучува официјалните контакти на ЕУ со Путин.

    „Унгарскиот премиер на ниту еден начин не ја претставува ЕУ. Дополнително, вреди да се потсетиме дека претседателот Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд и дека е издаден налог за апсење за неговата улога во присилната депортација на деца од Украина во Русија“, се вели во соопштението на ЕЕАС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img