More

    Нова ерупција на вулканот Етна, прекинати летовите на аеродромот во Катанија

    spot_img

    Нова ерупција на вулканот Етна, прекинати летовите на аеродромот во Катанија
    Аеродромот во Катанија, Сицилија, објави дека денеска привремено е затворен поради ерупција на вулканот Етна, најголемиот активен вулкан во Европа и пепел во воздушниот простор.

    „Пистата е неупотреблива поради големиот пад на вулканската пепел. Поради тоа, пристигнувањата и полетувањата се суспендирани“, велат од компанијата што управува со тој италијански аеродром.

    Се проценува дека летовите ќе продолжат околу 15.00 часот по локално време.

    Во последните денови централниот кратер на вулканот Етна, висок 3.324 метри, исфрла лава и облаци од пепел кои го зафаќаат аеродромот во Катанија, кој се наоѓа долу.

    Колоните од пепел достигнаа висина од четири и пол километри, објави вчера Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) на мрежата Х.

    Сликите објавени на социјалните мрежи денес покажуваат улици во централна Катанија покриени со дебел слој црн пепел, што го забавува сообраќајот.

    Италијанските власти објавија црвен аларм за уште еден вулкан, Стромболи, кој се наоѓа на истоимениот остров во Тиренското Море во рамките на таканаречените Еолски Острови, северно од Сицилија. Ерупцијата на тој вулкан предизвика големи облаци од пепел.

    Тој вулкан, чиј врв е на 920 метри, е еден од ретките во светот кој има речиси постојана активност.

    Милиони патници секоја година минуваат низ меѓународниот аеродром Катанија, кој го опслужува источниот дел на Сицилија, една од најпопуларните туристички дестинации во Италија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img