More

    Почина една од најубавите жени, светот тагува по италијанската актерка Марија Омаџо

    spot_img

    Италијанската филмска индустрија изгуби една од своите најубави икони. Марија Омаџо, познатата италијанска актерка и писателка, почина во Рим на 67-годишна возраст по долго боледување.

    Таа важи за една од најубавите италијански актерки на сите времиња. Марија глумеше во повеќе од 40 филмови, меѓу кои и „Рим со љубов“ на Вуди Ален. Имаше и многу богата театарска кариера.

    Марија остави неизбришлива трага во италијанската култура со својот талент, но и со својата препознатлива појава.

    Марија Росарио Омаџо е родена на 11 јануари 1957 година во Неопол. Своето актерско деби го имаше во телевизиската серија „Канконисима“ во 1937 година. Потоа, во 1976 година, таа ги сними своите први играни филмови – криминалистичките филмови „Вооружениот Рим“ и „Полицаец во фармерки“.

    Активна беше и на театарската сцена, а во 2011 година прослави 25 години работа во театарот со рециталот „Омаж на вас“ („Omaggio a voi“).

    Еден од нејзините последни филмови беше „Валеса: Човекот на надежта“ (2013), во режија на Анджеј Вајда, каде што ја играше Ориана Фалачи, позната писателка и новинарка.

    Марија беше позната по својата убавина. Таа се појави на насловните страници на италијанското издание на магазинот „Плејбој“ во мај 1976 година, јули 1980 година и во ноември 1982 година, додека во февруари 1985 година се појави на насловната страница на магазинот „Плајмен“.

    Покрај нејзината филмска, телевизиска и театарска кариера, Омаџо служеше како посветен амбасадор на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img