More

    Демонстрантите фрлаа камења кон автомобилот на министерот

    spot_img

    Протестите против регрутирањето на ултраортодоксните Евреи во израелската армија вчера станаа насилни, oбјави Си-Ен-Ен.

    Демонстрантите ги нападнаа полицајците, но и автомобилот на министерот за домување и градежништво кој е и лидер на еврејската партија Обединета Тора, Јицак Голдкнопф.

    Демонстрантите фрлаа со камења врз полицајците и автомобилот на министерот кој се враќаше дома. Запалија и корпи за отпадоци и го блокираа автопатот.

    Портпаролот на Голдкнопф потврди дека полицијата го евакуирала министерот неколку минути по нападот и дека тој не е повреден.

    На видеата на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите го опкружуваат автомобилот на министерот и удираат по прозорците. Ултраортодоксните Евреи протестираа на улиците на Ерусалим откако израелскиот Врховен суд во вторникот донесе одлука со која ѝ нареди на владата да привлече ултраортодоксни Евреи во армијата.

    Полицијата соопшти дека морала да употреби сила за да ги растера демонстрантите откако тие ги игнорирале наредбите да си заминат. Уапсени се пет лица, од кои две за напад врз полицајци и три за фрлање камења или други предмети, се вели во полициското соопштение.

    Дел од полициските службеници останале во областа за да го насочат сообраќајот и да спречат понатамошни нарушувања.

    – Полицијата сериозно ги сфаќа обидите на овие насилни прекршители на законот да ги повредат израелските полицајци со камења, стапови, јајца и со други работи. Законскиот протест нема никаква врска со криминалното и насилничко однесување од овој вид, што може да доведе до повреди и уништување на имот – велат од полицијата.

    Од основањето на Израел, ултраортодоксните Евреи се ослободени од задолжителна воена служба. Иако и мажите и жените се предмет на задолжителна воена служба на Израел, одлуката на судот во овој случај се однесува само на ултраортодоксните мажи.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img