More

    Планинар загина откако паднал во провалија и се здобил со тешки повреди на главата

    spot_img

    Планинар загина откако паднал во провалија и се здобил со тешки повреди на главата. Тим „Тигри“ го извлекоа од местото на несреќата, со хеликоптер бил пренесен до ГОБ „8 Септември“ каде е констатирана смрт, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Од ЦУК соопштија дека денеска околу 12.30 часот на бројот за итни повици 112 во ЦУК вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри. При падот се здобило со сериозни повреди на главата, крварело од главата и било во несвесна состојба. Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“.

    Теренот бил непристапен за возила поради што Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на несреќата.

    Од страна на ЦУК веднаш било упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР а тие ангажирале тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“ за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер, како и транспорт до болница.

    Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од САЕ Тигар, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ „8 Септември“” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img