More

    Пет деца во болница во Нови Сад поради труење: Сите биле во воден парк

    spot_img

    Сите деца вчера беа во водениот парк „Петроленд“ во Бачки Петровац, но засега нема потврда дека се работи за труење со хлор, бидејќи се чекаат резултатите од истрагата.

    Децата кои биле примени синоќа имале слични симптоми, силна иритација на очите и мачнина, додека едно дете имало и кашлица. Тие беа задржани 24 часа и моментално се во Детската болница, а вистината е дека сите вчера биле во водениот парк „Петроленд“.

    Засега не можеме да зборуваме за причината, додека не се завршат сите тестови“, потврдија за Блиц во таа здравствена установа.

    Исто така, едно дете е пуштено дома со оглед на тоа што симптомите не биле изразени до степен до кој би било задржано, па всушност се работи за вкупно шест деца кои со слични симптоми се пријавиле во болница по посетата на споменатиот аквапарк.

    Од водениот парк „Петроленд“ засега не ги коментираат информациите дека има труење и дека има индиции дека се работи за труење со хлор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img