Цела Србија синоќа се крена на нозе од веста дека малата Марија (3) исчезнала за време на нејзиниот летен одмор во Грција.
Ја пронашол Сашко Радуловиќ, Македонец од скопско Миладиновци и ја споделил веста на Фејсбук.
– Најдовме тригодишно девојче кое беше изгубено во Неа Флогита, во близина на Филатеки. Нејзиното име е Марија, доколку некој ги знае родителите нека нѐ извести – напишал Сашко во групата „Грција инфо“ на која објавил и слика од девојчето.
Сашко повикал полиција, која го однела девојчето во полициската станица во Неа Мудања.
Стефан и Валентина Спасиќ за Телеграф.рс открија како се одвивала драмата во која се нашле.
– Девојчето е добро, полицијата ја однела во станицата во Неа Мудања за да се увери дека е безбедна. Разбирливо беше вознемирена, но на крајот сè испадна добро. Родителите живеат во еден од нашите станови што го изнајмуваме, па лесно можевме да дојдеме до нив штом го видовме и го препознавме девојчето на социјалните мрежи – изјави Стефан Спасиќ во моментот кога девојчето и нејзините родители беа вратени во станот.