Кралот Чарлс очајнички сака да ги запознае децата на Хари и Меган

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британскиот крал Чарлс Трети наскоро ќе патува за Америка за да ги посети своите внуци, пишуваат странските медиуми.

Познато е дека кралот Чарлс има одличен однос и често се дружи со принцовите Џорџ и Луис, како и со принцезата Шарлот, децата на принцот Вилијам и принцезата Кејт, но со децата на принцот Хари сепак ситуацијата е поинаква. Контакт со Арчи и Лилибет Дијана одржува само преку видеоповици.

Кралот Чарлс редовно поминува време со децата на својот син принцот Вилијам кои уживаат во друштвото на својот дедо.

Меѓутоа, она што го мачи Чарлс е тоа што не ги гледа децата на својот помал син Хари (39). Додека Хари и Меган живееја во Велика Британија, кралот имаше можност да помине извесно време со својот внук Арчи, но откако ги напуштија кралските должности и отпатуваа во Америка на почетокот на 2020 година, Чарлс не ги видел своите внуци.

Имено, кралот е скршен поради ова и затоа сака да воспостави поблиски односи со Арчи (5) и Лилибет (3), која наводно ја видел само еднаш од нејзиното раѓање. Затоа, кралот решил наскоро да отпатува во Калифорнија.

Кралот е загрижен поради односот со внуците Арчи и Лилибет Дијана и му е жал што не остварил поголема блискост со нив, наведуваат медиумите и додаваат дека тој сака и децата на принцот Хари и Меган Маркл да се чувствуваат дека може во секое време да се потпрат на него.

Тој наводно бил поттикнат да отпатува во Америка поради третиот роденден на принцезата Лилибет. На својот внук му испратил подарок од Лондон, но тоа не го смета за доволно.

– Чарлс разговараше за официјална посета на САД во некој момент во иднина. Нема сомнеж дека кралот Чарлс, доколку дојде до тоа, исто така ќе најде време за да ги посети својот помлад син и внуците. Пред тоа треба уште многу работи да се испланираат“ – открил извор кој додал дека кралот е тажен што неговите внуци Арчи и Лили нема да го паметат како топол и пријателски расположен дедо.

Share This Article