Жива ли е Руја Игнатова?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Наградата за информација што ќе доведе до апсење на Руја Игнатова, позната како Исчезнатата криптокралица, е зголемена од американските власти на 5 милиони долари. Германката со бугарско потекло (44) ја бара ФБИ за организирање измама со криптовалути од 4,5 милијарди долари наречена уанкоин (OneCoin). Таа се води како исчезната од 2017, кога американските власти потпишаа налог за апсење и истражителите почнаа да се приближуваат кон неа.

Пред три недели, подкаст и документарен филм на Би-Би-Си ги откри нејзините врски со бугарското подземје и осомничениот мафијашки бос вмешан во нејзиното исчезнување и, наводно, во нејзиното можно убиство. Сепак, властите продолжуваат да ја гонат Игнатова.

Во 2022, ФБИ ја додаде на својата топ 10 листа на најбарани, нудејќи награда од 100.000 долари, подоцна до 250.000 долари. Вчера, таа сума се зголеми повторно за дваесет пати, во рамките на Програмата за награда за транснационален организиран криминал на американскиот Стејт департмент.

„Нудиме награда до 5 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење и/или осуда на германската државјанка Руја Игнатова, позната како ‘Криптокралица, за нејзината улога во една од најголемите глобални шеми за измама во историјата“, соопштија од Стејт департментот.

Плусинфо пишуваше за наркобосот Таки кој можеби ги фрлил останките од нејзиното тело во Јонското Море.

Share This Article