Кремљ во четвртокот соопшти дека Русија размислува за можно намалување на дипломатските односи со Западот поради подлабокото вклучување на САД и нивните сојузници во војната во Украина, иако се уште не е донесена одлука.
„Прашањето за намалување на нивото на дипломатските односи е стандардна практика за земјите кои се соочуваат со непријателски или злонамерни односи“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на прашањето за реалната можност за таков потег.
„Поради зголеменото учество на Западот во конфликтот околу Украина, Руската Федерација не може да не разгледа различни опции за одговор на таква непријателска западна интервенција во украинската криза“.
Ројтерс пренесува дека Песков рекол дека сè уште не е донесена одлука за ова прашање и дека Русија разгледува различни начини да одговори на Западот.