More

    Со дополната на Законот за енергетика цената на струјата треба да остане иста

    spot_img

    Пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ рече дека предложеното законско решение претставува потврда  и продолжување на добрите политики што ги водеше претходната влада во делот на обезбедување на електрична енергија по цени со кои не се дозволи ценовен шок за граѓаните во време на енергетската и економската криза.

    – На овој начин се прави потврда дека со правилни политики во енергетскиот сектор маржата која беше 11,5 се намалува на 9,9 проценти што значи  дека граѓаните ќе можат да добијат електрична енергија која нема да претставува оптоварување на нивниот буџет повеќе од она што значи  инфлаторни текови во делот на енергетскиот сектор, рече Ковачевски и додаде дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата За европска иднина ќе ги поддржи измените на законот – рече Ковачевски.

    Иста одлука донесе и Законодавно-правната комисија.

    Со дополнувањата на Законот во членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучок од ставот (9), односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се врши дополнување во членот 237 преку додавање на став (14) кој е усогласување со членот 1 од овој закон односно има иста цел обезбедување на сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија.

    Со предложеното решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

    Предлог законот за дополнување на Законот  за енергетика, по скратена постапка, вечерва ќе биде разгледан и на продолжение на осмата седница на Собранието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img