More

    Полусестрата на Обама е меѓу погодените со солзавец

    spot_img

    Кениската активистка Аума Обама, полусестра на поранешниот американски претседател Барак Обама, била меѓу демонстрантите кои беа погодени со солзавец пред зградата на парламентот во Најроби во масовните протести во Кенија, јавува Би-Би-Си.

    Според странските медиуми, покрај солзавец, полицијата пукала и врз демонстрантите кои се обиделе да упаднат во зградата на парламентот. Загинале најмалку десет демонстранти. Десетици луѓе беа повредени, а делови од зградата на парламентот беа опожарени додека пратениците го гласаа законот за зголемување на даноците.

    Законот сè уште треба да го одобри претседателот Вилијам Руто.

    – Тука сум затоа што, гледаш што се случува. Младите Кенијци протестираат за своите права. Тие протестираат со знамиња и транспаренти. Не можам веќе ни да гледам. Фрлија солзавец – изјави Аума Обама за Си-Ен-Ен.

     

     

    Демонстрант зад неа носеше транспарент на кој пишуваше „Колонијализмот во Кенија никогаш не престанал“, додека друг извикувал: „Ова е нашата земја. Ова е нашата нација“.

     

     

    – Сакаме да го затвориме парламентот и секој пратеник да си замине и да си поднесе оставка. Ќе имаме нова влада – рече еден демонстрант по име Дејвис Тафари.

    Кенијците се борат да се справат со неколку економски шокови предизвикани од долготрајното влијание на пандемијата на ковид, војната во Украина, две последователни години суша и депресијација на валутата.

     

     

    Кабинетот на поранешниот претседател Обама не одговори на барањето за коментар по инцидентот.

    Минатата недела во масовните протести низ земјата беа повредени најмалку 200 лица, додека едно лице загина. Уапсени се повеќе од 100 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img