More

    Српската презентерка на временска прогноза, Зорана Николетиќ, доби отказ поради реченица што ја изговори на 17 јуни во Дневник радио-телевизија Војводина

    spot_img

    Српската презентерка на временска прогноза, Зорана Николетиќ, доби отказ поради реченица што ја изговори на 17 јуни во Дневник радио-телевизија Војводина, објави порталот Време.

    Николетиќ ја кажувала временската прогноза за следниот ден, во еден миг застанала и рекла: „Јао, Боже“. Прилогот потоа завршил, а водителката на Дневник РТВ ги одјавила вестите.

    Синдикатите на вработените во Радио-телевизија на Војводина побараа од раководството на јавниот медиумски сервис да ја преиначи казната за раскинување на договорот на оваа новинарка. Тие се против ваквата одлука, пред сѐ поради фактот што РТВ и РТС, како јавни сервиси, прават многу поголеми грешки, според нив.

    „Грешки се случуваат, не е ни прва ни последна, ниту е единствена за нашата куќа. Проблемот лежи во злоупотребата на договорите за привремени и повремени вработувања и тоа што младата колешка сигурно немаше да биде толку драконски казнета доколку имаше договор на определено или на неопределено време, каков што заслужуваат сите вработени во провинциската јавна служба“, соопштија синдикатите.

    Генералниот директор на РТВ Војводина, Горан Караџиќ, изјави дека оваа грешка е доволна за отказ.

    – Апсолутно. Тоа не е грешка, тоа е небрежност – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img