More

    Здравко Чолиќ зел 45.000 евра за 45 минути пеење на свадба!

    spot_img

    Регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ минатиот викенд бил специјален гостин на венчавката на син на бизнисмен, која се одржа во еден елитен белградски ресторан.

    Познато е дека легендарниот пејач ретко пее на приватни прослави, а како што пренесуваат српските медиуми, младенците за Чолиќ морале да издвојат дури 45.000 евра, за тој со своите хитови да го разубави најубавиот ден во нивниот живот.

    Чолиќ пеел вкупно 45 минути, што значи дека за секоја минута од мини-концертот заработил по 1.000 евра. Секако, пејачот имала и посебни услови за воопшто да настапи на оваа луксузна прослава.

    – Чола може да избере каде ќе настапува. Тој не практикува да пее на приватни забави, но овој пат направи исклучок. Имал одредени услови, кои младенците и нивните семејства ги исполниле без збор, така што сè било договорено многу брзо. Меѓу другото, тој побарал бината да се подигне од подот за гостите да не му се приближуваат премногу блиску додека пее, да нема нарачување на песни или фотографирање со гостите… За 45 минути побарал 45.000 евра и тоа веднаш било прифатено, бидејќи младенците ја обожаваат неговата музика. Со песната „Тебе чувам за крај“ бил одигран и првиот танц. Испеа некои од своите најголеми хитови, а сите беа разнежени кога ја изведе песната „Ти си ми у крви“. Веднаш по настапот во придружба на обезбедувањето на ресторанот го напушти локалот – раскажал извор од местото на настанот.

    Покрај него, гостите на свадбата ги забавувале и фолк пејачите – Виолета Вики Миљковиќ и Радиша Трајковиќ Ѓани, кои атмосферата ја довеле до кулминација, а за тоа покрај хонорарот биле наградени и со одличен бакшиш, кој Чолиќ не го зел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img