На американската амбасадорка во Москва, Лин Трејси, денеска ѝ беше врачен демарш поради ракетниот напад на Украина на плажата во Севастопол на Крим, со напомена дека Русија подеднакво ги обвинува Вашингтон и Киев за тој напад, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Ваквите акции на Вашингтон нема да останат без одговор“, соопшти Министерството.
Во соопштението за медиумите се наведува дека демаршот ѝ бил доставен на американската амбасадорка во руското Министерство за надворешни работи, пренесе РИА Новости.