Викендов нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло.
За денеска метеоролозите прогнозираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 21 до 40 степени.
Ув индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 9 и 10, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности. Покрај топлотниот бран, во воздухот е присутно и поголемо количество на Сахарска прашина и песок, па токму поради ова и атмосферата е доста заматена, а сонцето го чувствуваме како да е од под облак, а времето е многу мачно и спарно.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.