More

    Чарлс Трети е подготвен да се смири со Хари, но…

    spot_img

    Односот помеѓу принцот Хари и кралското семејство веќе извесно време е затегнат, особено откако тој престана да ги извршува кралските должности и се пресели во САД со сопругата Меган Маркл и нивните две деца. Сепак, неговиот татко, кралот Чарлс Трети, изгледа е подготвен да се смири со својот син.

    – Кралот Чарлс би сакал да биде поблизок со Хари и да има однос со својот син кој навистина ќе функционира. Но, тоа зависи од тоа дали Хари ќе ја исполни желбата на својот татко – да престане да пишува книги и да дава срамни интервјуа – рекол кралскиот експерт Том Квин за „Мирор“, осврнувајќи се на автобиографијата на Хари „Резерва“ во која тој ги нападна членовите на кралското семејство, особено неговиот татко и постариот брат принцот Вилијам. Квин додал дека Хари исто така ќе мора да се откаже од својот став на целосна жртва.

    Неговите коментари доаѓаат откако претходно овој месец започнаа гласините дека принцот Хари бара дом во Лондон.

    „Како што одминува времето, на Хари му недостигаат некои аспекти од неговиот поранешен живот во Велика Британија. Периодот на меден месец во кој сè е ново и возбудливо во Соединетите Држави завршува, а Хари гледа во минатото низ розови очила – рекол Квин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img