Од минута во минута се зголемува гужвата на граничниот премин „Богородица“ за излез од Македонија, а за влез во Грција, покажуваат снимките од безбедносните камери поставени на граничниот премин.
Со оглед на продолжениот празничен викенд, сè повеќе возила со македонски регистарски ознаки чекаат во редот за пасошка контрола, а се очекува гужвата дополнително да се зголеми по завршувањето на работниот ден.