More

    Професор од Приштина злоставил 27 студентки – Им предавал „масажа“

    spot_img

    Професор кој истовремено предавал на два факултети во Приштина е обвинет за сексуално злоставување на 27 студентки. Основното обвинителство во Приштина ја прифати кривичната пријава која ја поднесоа студентките, потврдила обвинителката Лаурета Улај за ГазетаЕкспрес. Осмоничениот Џеват Красниќи држел катедра на Медицинскиот и на Педагошкиот факултет.

    Но, на часовите, тој демонстрирал масажа на ученички со неговите раце и тело. Една од студентките рече дека влегла во неговата канцеларија за да провери зошто добила пет индексни поени помалку на испитот.

    Таа била изненадена од неговиот непрофесионален однос и одговор.

    Во мај, Советот за етика на Универзитетот во Приштина донесе одлука за привремена суспензија на Красниќи и проследување на наводите на 27 студентки до надлежните истражни органи.

    Кога од Советот го прашале Красниќи за тоа зошто ги прашувал студентките „што има под фустанот?“, тој изјавил дека ги прашува затоа што се сомнева дека препишуваат.

    Професорот Красниќи се товари за сексуално вознемирување и оштетување на угледот на професор, како и за непочитување на личноста на студентките кои кај него полагале испит на Педагошкиот и Медицинскиот Факултет во Приштина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img