За време на патувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден во Калифорнија, се случил инцидент во градот Тустин, каде агент на Тајната служба бил ограбен со пиштол. Иако агентот во тој момент не бил на должност, непознатиот напаѓач успеал да му ја украде чантата, во саботата вечерта околу 21:30 часот, соопшти полициската управа во Тустин.
За време на грабежот, агентот бил принуден да употреби оружје, но напаѓачот успеал да побегне. Полицијата сè уште го истражува овој инцидент и не се знае дали напаѓачот е повреден.
Делумен успех во истрагата беше постигнат кога полицајците во областа пронајдоа дел од украдените работите на американскиот агент.
Во текот на викендот, претседателот Бајден беше во Калифорнија каде собираше средства за неговата претседателска кампања. Покрај поранешниот претседател Барак Обама, на настанот присуствуваа и многу познати личности, меѓу кои Џорџ Клуни, Џулија Робертс и Џими Кимел.