Саудиска компанија гради крузер со капацитет колку цел град од 50.000 луѓе

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Саудиската компанија за развој на недвижнини „Ал-Отаим инвестмент“ најави нов проект за изградба на брод за крстарење кој треба да биде еден вид град во град.

Проектот наречен „Сала за крстарење Ал-Отаим“ ќе се гради на вкупна површина од 77.000 квадратни метри и ќе вклучува трговски центар, 276 станбени единици, 16 луксузни апартмани и области за забава.
Планираниот хотел на бродот ќе содржи 120 соби и 156 апартмани и деловни простории на 6 ката.

„На тој брод ќе бидат вработени 4.000 луѓе од Саудиска Арабија“, соопшти компанијата.

Кога станува збор за капацитетот, беше најавено дека еден ваков брод за крстарење ќе може да прими до 50.000 патници и 25.000 автомобили.

 

Share This Article