Напаѓач уби маж и жена, а потоа е убиен во пукање во канцелариски простор во близина на дневен центар и училиште во Торонто, Канада, објави Си-Пи 24.
Инцидентот се случил во фоајето на зградата во понеделникот.
Зборувајќи за медиумите, детективот Алан Бартлет рече дека полицајците влегле во зградата и пронашле двајца мажи и една жена и верувале дека еден од мажите е убиецот.
Тој изјави дека сѐ уште е рано да се каже каква врска можеби постоела меѓу убиените, но најверојатно дошло до расправија за пари, што потоа довело до трагедијата.
Бинијаз и другите на местото на настанот идентификуваа една од жртвите како локален брокер по име Араш Мисаги.
Се очекува градинката денеска да работи редовно, а истрагата, како што е најавено, се уште е во тек.