More

    Зелено светло од пратениците за почеток на мандатот се очекува да добие до 22 јуни

    spot_img

    Предлог составот на новата влада е комплетиран и заедно со програмата утре треба да биде доставен во Собранието, додека гласањето се очекува да се случи претстојниот викенд. Кандидатите за членови на владата од коалицијата „Твоја Македонија“ синоќа беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Од  „Твоја Македонија“ во владата ќе има 15 членови, од кои 3 на вицепремиерски места,  кадри од коалицијата „Вреди“ ќе раководат со 5 министерства и ќе имаат едно вицепремиерско место, а 2 министерски ресора ќе предводи партијата ЗНАМ –  За наша Македонија.

    Новата влада ќе има 20 министерства, 4 повеќе од сегашната, откако пред една недела беа усвоени измени за реорганизација на државата управа.

    – Од партиските тела добив мандат за преговори и за состав на новата влада и тие успешно завршија. Новата влада ќе биде составена од партиите кои се дел од коалицијата Твоја Македонија, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ, влада која има широка поддршка од електоратот повеќе од 600.000 гласа освоени на изборите кои што завршија на 8-ми мај, и сигурен сум во 2/3 поддршка за определени законски решенија, реформски законски решенија кои што во периодот кој што следи ќе бидат донесени во македонското Собрание –  рече мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа на прес-конференција по седниците на Извршниот и Централниот комитет.

    Мандатарот ги предлага досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор,  за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалник на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска.  За заменик претседател на Владата и министер за транспорт  партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресорот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Пирински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.

    Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство како кадар со долгогодишно искуство во ресорот,  професорката Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.

    Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

    Кадровското решение за генералниот секретар на владата најави дека ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае многу скоро и ќе биде на дневен ред на првата седница на владата.

    Партиите од Коалицијата Вреди, според одлуките на партиските тела и изјавите на партиските претставници, ќе раководат со Министерството за европски прашања, каде предлог за министер е Орхан Муртезани од Алтернатива, со Министерството за животна средина за кој ресор кандидат е Изет Меџити, лидерот на Демократско движење, кој треба да биде и прв вицепремиер,  како и со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со Министерството за економија и труд, за кои се предложени кадри од БЕСА Фатмир Лимаи, односно Бесар Дурмиши. Ресорот здравство, пак, според изјавите во медиумите, ќе го раководи лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

    Од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, пак, утврдени кандидати од партиските тела се Игор Филков за министер за правда и Горан Минчев за министер за јавна администрација.

    На парламентарните избори што се одржаа минатиот месец коалицијата „Твоја Македонија“ освои 58 пратеници, „Вреди“ 14, а ЗНАМ шест.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img