Латино дивата Џенифер Лопез се најде во центарот на вниманието среде гласините за развод од сопругот Бен Афлек, во меѓувреме ја откажа и летната турнеја поради проблемите во бракот, но и поради слабата продажба на билетите, а сега на површина излезе детаљ од нејзиниот живот кој не ја покажува во најдобро светло, пишува „Дејли мејл“.
Музичката ѕвезда има бизарно барање до својот персонал – никој не смее да ја гледа в очи.
– Една наша пријателка работеше на осветлувањето на нејзиниот концерт. На сите работници им беа дадени строги упатства: „Не гледајте во г-ѓа Лопез. Нема контакт со очите – напишал еден извор на социјалните мрежи.
„Познавам луѓе кои работеа во казино и им беше наложено целосно да избегнуваат контакт со очите на Џеј Ло“, додал изворот.
Џеј Ло наводно го вовела истото правило за своите возачи на лимузини, кои „не смеат ниту да ја гледаат во ретровизорите“, велат изворите.
Дополнително, се огласи и американска диџејка и водителка на поткаст, која на социјалната мрежа ТикТок ја сподели приказната за бизарното владеење на пејачката.
– Имам пријател кој го правеше озвучувањето на проектот на Џеј Ло и го избрка. Ја прекина целата продукција и тоа сè само затоа што ја погледна в очи – рекла таа. Инаку, се огласи лице кое работело во ски-центар во Калифорнија, кое тврди дека на персоналот им било кажано да не ја гледаат пејачката в очи.
Џенифер Лопез ги негира овие наводи.