Американската пејачка Тејлор Свифт три дена по ред настапуваше во Единбург, Шкотска, каде нејзините обожаватели предизвикаа потрес во текот на концертот, а внимание привлече снимката на која пејачката го брише секретот кој ѝ тече од носот, што згрози некои обожаватели.
Познатата пејачка во моментот е среде нејзината турнеја „Ерас“, а во текот на настапот во Шкотска беше снимена како си го брише носот кој ѝ тече во текот на изведбата на песната „Don’t Blame Me“, по што може да се гледа како ја брише раката од костимот во кој настапува.
Откако протекоа неколку од овие видеа, обожавателите имаа различни реакции на нејзиното однесување.
„Видов три различни видеа на Тејлор како си го брише или лиже секретот од ност во последните 30 минути, таа мора да носи марамчиња со себе на сцената“, напишала една корисничка на социјалната мрежа Икс.
„Постојано ми се појавува ова видео на кое Тејлор Свифт го јаде сопствениот секрет и го брише и го фрла по целата сцена. Искрено, јади го и фрлај го секретот во четири ѕида, тоа да го правиш на сцена е лудо“, додала друга.
Меѓутоа, некои се запрашаа „што е проблемот овде“, посочувајќи дека тоа всушност го прават сите кога немаат марамчиња.
Се чини дека на популарната пејачка не ѝ било лесно да настапи во Шкотска на само 8 степени Целзиусови. Во текот на концертот поради студот морала да носи ракавици, а на самиот концерт истакнала и дека „рацете ѝсе грчат од студот“.
– Многу ми е жал, ова никогаш досега не се случило, но мојата рака е смрзната, ќе одам да ја згреам. Многу ми е непријатно – рекла таа на сцената.
taylor eats her boogers pic.twitter.com/O91pfv9ISu
— johnno ★彡 (@r3troville) June 9, 2024