More

    Силни врнежи го поплавија аеродромот во Мајорка: патници останаа заробени во авиони

    spot_img

    Истокот на Шпанија во вторникот го зафати силно невреме, падна и град, а многу улици беа поплавени. Најмногу проблеми имаа на популарниот остров Мајорка каде аеродромот се поплави. Многу летови беа пренасочени. Патниците на авионите кои успеале да слетаат на Мајорка, сепак, останале заробени на пистата, бидејќи не можеле да се симнат.

    Популарниот шпански остров Мајорка во вторникот го зафати силен дожд, кој предизвика и значителни проблеми во воздушниот сообраќај. Меѓународниот аеродром на островот е поплавен, поради што авионите не можеле ниту да полетаат ниту да слетаат, пренесува Sky News.

    Од снимките објавени на социјалните мрежи се гледа и дека вода се слевала и во продавниците на аеродромот. Очевидци изјавија дека на аеродромот владеел хаос додека патниците се обидувале да се скријат од водата што се излевала во зградата преку покривот.

    Еден од вработените на аеродромот нурна во водата на пистата на видео кое стана вирално на социјалните мрежи, покажувајќи колку длабока е водата што се насобрала таму.

    Менаџерот на аеродромот во Палма де Мајорка Аена потврди дека некои влезови во објектот и зградите каде што се наоѓаат терминалите се поплавени. Тие најавија дека поради силното невреме ги приземјиле авионите кои се веќе на аеродромот, бидејќи не е безбедно да се лета во овие услови. Активиран е план за итни случаи и летовите за Мајорка привремено беа пренасочени на алтернативни аеродроми.

    Патниците на авионите кои успеале да слетаат на Мајорка, сепак, останале заробени на пистата, бидејќи не можеле да се симнат.

    Кога дождот стивна, аеродромот продолжи со работа, пишува Sky News.

    Тоа е трет по големина аеродром во Шпанија, кој минатата година го користеа повеќе од 31 милион патници.

    Голем дел од источна Шпанија вчера беше погоден од силен дожд, а падна и град. Поплавени беа и патиштата, а водата носеше и автомобили и контејнери за ѓубре, пренесува хрватскиот портал Јутарњи лист. Регистрирани се повеќе од 320 настани поврзани со временските услови. Невремето се очекува да продолжи до четврток.

    Речиси пет сантиметри дожд на час беа измерени во главниот град Палма де Мајорка. Во подрачјата зафатени со најобилниот дожд за еден час наврнале и до девет сантиметри дожд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img