More

    Барел брент се тргува за 82 долари

    spot_img

    Цената на нафтата денеска забележа најголем скок од март в очи на извештаите на ОПЕК и краткорочните енергетски изгледи на САД, кои ќе ја дадат слика за изгледот на пазарот. Нафтата од типот Брент се тргуваше под 82 долари за барел, откако скокна за 2,5% вчера, додека барел ВТИ (West Texas Intermediate) достигна 78 долари.

    По извештајот на ОПЕК кој ќе биде објавен утре, ќе следуваат краткорочните енергетски изгледи од САД подоцна во вторник, и месечната изјава на Меѓународната агенција за енергија во среда.
    Трговците исто така ја очекуваат одлуката на Федералните резерви за каматните стапки кои доспеваат во среда. Силната економија и сѐ уште високата инфлација во САД ги наведоа инвеститорите да ги намалат облозите дека наскоро ќе се случи пресврт на централната банка.

    Цената на нафтата паѓа од почетокот на април поради загриженоста за побарувачката и зголемената понуда надвор од Организацијата на земјите извознички на нафта. Производството од Русија минатиот месец остана над нивото што земјата го вети на ОПЕК +, иако ги направи најголемите намалувања за повеќе од една година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img