Во април годинава се регистрирани 81.752 туристи, од кои 23% се домашни, а 77% се странски. Бројот на ноќевањата изнесува 151.720, при што 28,8% се од домашните, а 71,2 %, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од вкупно 62.978 странски туристи, 25.324 се од Турција, 3.254 од Германија, 5.006 од Србија, 2.766 од Грција, 2.319 од Бугарија, 2.116 од Хрватска, 1.892 од Словенија…
Хотелско сместување користеле 76.662 туристи, од кои 24.472 биле сместени во хотели со 5 ѕвездички, 40. 392 во хотели со 4 ѕвездички, 9.840 во хотели со 3 ѕвездички… Во преноќишта се сместиле 1.218 туристи, 1.150 во куќи, станови за одмор и соби за издавање, 596 во бањски лекувалишта, 445 во работнички одморалишта…
Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,3%. Кај домашните туристи има зголемување за 7,4% а кај странските за 19,3%. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 15,2%, кај домашните туристи за 15%, а кај странските за 15,4%.