На 10.06.2024 околу 16.00 часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49), Л.Л.(37), Р.С.(32) и С.Л.(29), сите од Велес. При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, а во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја , таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „Екол“. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 10.06.2024 во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш. Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото. Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.06.2024 во 19.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Ѓ.(29) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.06.2024 во 22.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.06.2024 во 10.00 часот на ул.„Петар Алчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.С.(42) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.06.2024 во 12.30 часот на ул.„Васил Ѓоргов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(40) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. За настанот бил известен јавен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.06.2024 во 23.00 часот на ул.„Димо Гавровски Кара“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Ф.Ј.(21) од тетовско Дебарце, која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се девет мерки за некористење сигурносен појас, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
На 10.06.2024 во 09.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова’’ во Битола, мотоцикл со битолски регистарсски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.Б.(81) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 10.06.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од брана „Иловица“ кон село Иловица, струмичко, трактор без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од село Иловица, удрил во пешакот Н.К.(26) од село Иловица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 10.06.2024 во 11.45 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на крстосницата од магистралниот пат Охрид – Кичево со ул.„Марксова“ во Кичево, патничко возило „хјундаи“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Б.Џ.(80) од с.Црвивци, кичевско, удрило во велосипед управуван од С.Д.(77) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Медицински центар Кичево. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 10.06.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Карпош, В.С.(31) од Скопје пријавила дека на ул.„Атинска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 10.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гази Баба, З.А.(28) од с.Синѓелиќ, скопско, пријавил дека во близина на автобуска постојка на подрачјето на с.Синѓелиќ бил каснат од куче скитник.
На 10.06.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.П.(45) од с.Долно Лисиче пријавил дека на ул.„10“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.