Млад кромид има насекаде и штета е да не се искористи приликата бидејќи е богат со витамини и минерали, а одличен е во заштитата на здравјето. Има антибактериски својства и штити од воспаленија, помага при настинки, а одличен е и за подобрување на варењето.
Зелениот дел од младиот кромид не треба да се фрла бидејќи содржи состојки кои се одлични за нашето здравје.
Зошто младиот кромид е добро да се јаде секој ден:
1. Го штити срцето – полно е со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетување предизвикано од слободните радикали. Покрај тоа, младиот кромид го одржува крвниот притисок во нормални граници и го намалува ризикот од формирање на згрутчување.
2. Добар е за видот – штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеин во очите, кој е одговорен за добар вид. Луѓето на кои им недостасува овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу 3 проценти од дневната потреба за витамин А.
3. Ги зајакнува коските – Витамините Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 проценти од препорачаната доза на витамин К и околу 2 проценти од витамин Ц. И двата се важни за густината и јачината на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури, пренесува 24sata.
4. Го намалува холестеролот – особено неговиот зелен дел кој некои го фрлаат и подобро би било да го јадат. Освен што го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, помага и за регулирање на нивото на шеќер.
5. За поубава кожа – му помага на телото да произведе колаген кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми.