More

    Турист фотографирал сом долг 2 метра во локалното езеро и побарал да се затвори местото

    spot_img

    Голем број риболовци од Германија се упатија кон езерото во едно мало село во близина на Хесен каде што е откриен џиновски сом со големина на човек. Сомот е толку голем што предизвика паника меѓу камперите, кои побараа да се затвори местото.

    Според она што го објавија медиумите, сомот минатото лето  го сликал кампер во плиткото само неколку сантиметри од местото каде што стоел. Камперот кој ја направил фотографијата се згрозил и барал езерото да се затвори. Во тоа време се проценува дека суштеството било долго околу 1,8 метар.

    – Жената притрча и почна да вика „морате да го затворите езерото. Таму има ајкула“ – изјавил за „Билд“ Томас Фоли од кампот кој вели дека се обидел да ја убеди туристката дека во езерото не живеат ајкули.

    И Фоли вели дека го видел сомот.

    Филип Монтаг, од локалниот рибарски клуб, ги уверува посетителите дека сомот не ги напаѓа луѓето.

    -Тие повеќе се плашат од нас отколку ние од нив. Освен тоа, тие имаат само мали, тапи заби како шкурка- вели Монтаг.

    Жителите на селото имаат  две теории за тоа каде сега се наоѓа сомот. Првата дека пливал понатаму во реката Фулда, додека втората вели дека се крие во калта на дното на езерото.

    Сомот, кој е најголемата слатководна предаторска риба во Европа, обично расте до 1,5 метри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img