More

    Путин предупреди дека руската нуклеарна доктрина може да се промени

    spot_img

    „Европа нема развиен (систем за рано предупредување). Во оваа смисла тие се горе-доле без одбрана“.

    Вакво предупредување пред два дена упати рускиот претседател Владимир Путин. Предупредувањето беше упатено до оние европски земји кои ја поддржуваат Украина. Според него, Русија има „многу повеќе (тактичко нуклеарно) оружје отколку што има на европскиот континент, дури и ако Соединетите Американски Држави го донесат нивното“, пишува Би-Би-Си.

    Под тактичко нуклеарно оружје се подразбираат помали боеви глави дизајнирани да уништуваат цели без широко распространето радиоактивно влијание, се вели во статијата.

    Во интервјуто со политичкиот експерт Сергеј Караганов на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, лидерот на Кремљ рече дека не исклучува промени во руската нуклеарна доктрина – документот кој ги утврдува условите под кои Русија ќе користи нуклеарно оружје.

    – Оваа доктрина е жива алатка и ние внимателно набљудуваме што се случува во светот околу нас и не исклучуваме да правиме промени во оваа доктрина. Ова е исто така поврзано со тестирањето на нуклеарно оружје – рече тој.

    Претходно оваа недела, на состанокот со шефовите на меѓународните новински агенции во Санкт Петербург, Путин посочи дека Русија би можела да им испорача напредно конвенционално оружје со долг дострел на други земји за тие да напаѓаат цели на Запад.

    Во Санкт Петербуг Путин ја повтори оваа порака.

    – Ние сè уште не го доставуваме тоа оружје, но го задржуваме правото да го сториме тоа кон оние држави или правни лица кои се под одреден притисок, вклучително и воен притисок, од земјите кои испорачуваат оружје на Украина и ја охрабруваат нивната употреба на руска територија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img